X
 03.04.2017 Култура

Човечки библиотеки - местото каде што луѓето имаат улога на книги

Што би се случило ако седнете и имате отворен и искрен разговор со некој кој има целосно спротивно мислење од вас? Дали би станале поблиски?

Организацијата за човечка библиотека смета токму на тоа. Денес, се чини дека вистинскиот рецепт за катастрофа е да седнеш двајца луѓе со целосно различни ставови и да ги натераш да разговараат. Прочитајте го делот за коментари на било која онлајн жешка тема и ќе станете дел од неа и без да сакате. Политичката поделба и можноста да се скриете позади екранот, а истовремено да ги искажите вашите мисли го одобри „Јас сум во право, ти не си“, дискурсот што ретко ги отвора вратите за продуктивен дијалог.

Човечките библиотеки се места каде вистински луѓе, наместо книгите се земаат на заем од читателите. Во оваа библиотека, луѓето волонтираат да станат „книги“ и да ги раскажат нивните искуства како и да ги направат достапни и отворени. „Читателите“ се охрабрени да ги прашуваат прашања и да добијат искрени одговори. Не постои судење ниту ограничување во прашањата. 

Нема да можете да пронајдете луѓе кои се надвикуваат едни со други. Нема да најдете непријатни коментари или политички агенди, и нема да ја изгубите вербата во човештвото. Во човечката библиотека ќе се чувствувате подобро за светот во кој живеете, па дури и ќе си добиете нов пријател.

Луѓето кои се во улога на книги најчесто биле маргинализирани и дискриминирани од страна на општеството.

„Одредени заедници се посочени како лоши луѓе, бидејќи тие веруваат во различно, јадат различно, живеат различно, изгледаат различно или имаат различна боја или етничка или верска припадност“, вели Рони Абергел, основач на организацијата за човечка библиотека.

Некои од „книгите“ кои читателите можат да ги најдат вклучуваат муслиман, Евреин, човек кој преживеал рак, алкохоличар, полицаец, бегалец, пациент со Алцхајмерова болест, ветеран, учител итн.

Оваа организација, која потекнува од Копенхаген, Данска ја одбележа својата 16-та година, и вели дека растат и се зафатени како никогаш порано.

Во свет кој се чини дека се фокусира на контроверзии наместо на сочувство, тешко е да се идентификува нашата заедничка човечност. Овие библиотеки ни помагаат да се потсетиме дека постои нешто што нè обединува и нè дели. А како што оваа библиотека се проширува низ 82 земји, со библиотеки кои наскоро ќе започнат со работа во Пакистан и Јордан, може да се каже дека ова е заедничко чувство.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура