X
 24.10.2023 Култура

Постхумно ќе биде објавен роман од Габриел Гарсија Маркез

Роман на нобеловецот Габриел Гарсија Маркез ќе се најде на полиците на книжарниците во 2024 година, по една деценија од смртта на авторот.

Легендарниот колумбиски писател, најпознат по делото „Сто години самотија“ и „Љубов во време на колера“, почина во 2014 година од пневмонија, на 87-годишна возраст. Тој се смета за еден од најголемите писатели на 20 век.

Кон крајот на својот живот, Маркез работел на нов роман додека истовремено се борел со деменција. Тој одлучил ова ново дело да не се објавува по неговата смрт. Меѓутоа, по 10 години, неговите синови Родриго и Гонзало решија да ја објават книгата.

Насловен „До август“, романот е опишан како „извонредна и длабока приказна за женската слобода и желба“. Тој ќе биде објавен на англиски јазик на 12 март 2024. Книгата била заклучена со другите негови дела во архивата на Универзитетот во Тексас цели 10 години. Малкумина знаеле за нејзиното постоење и не верувале дека книгата некогаш ќе биде објавена.

Синовите на авторот велат дека книгата е резултат на последниот напор на нивниот татко да продолжи да создава.

„До август“ следи жена по име Ана Магдалена Бах, која посетува остров секоја година на годишнината од смртта на нејзината мајка.

Извор: Bonitet
Насловна фотографија: Wikipedia
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура