X
 03.04.2019 Наука

Астрономите открија од каде доаѓа метанот на Марс

Астрономите конечно сфатија од каде доаѓа метанот на Марс. Ова ја решава мистеријата за која немаше одговор уште откако органскиот гас првпат беше детектиран на Марс во 2003 година, но постојано им бегаше на научниците, кои се обидуваа да го измерат и да го лоцираат.

Излегува дека една ледена површина на Марс, лоцирана во близина на кратерот Гејл, а која можеби некогаш била езеро, најверојатно испушта метан, стои во истражување објавено во „Нејчр геосајенс“. Ова може да е уште еден дел од сложувалката во мистеријата околу тоа дали на Црвената Планета некогаш имало живот.

Во истражувањето се опишани две студии во кои била изолирана истата ледена површина како извор на атмосферски метан, користејќи притоа податоци од два вселенски брода и симулации од атмосферата на Марс.

Треба да се забележи дека податоците за овие студии биле собрани во 2013 година, додека истражувањата со кои не бил детектиран метан биле извршени во 2018 година. Како и да е, неодамнешната студија се фокусирала на погорниот дел од атмосферата. Научниците што ја правеле признаваат дека можеби има извори на метан чија основа е во земјата и кои едноставно им избегале. И со оглед на тоа дека една од новите студии користела податоци од патувањето на роверот „Кјуриосити“ низ Марс, веројатно метанот едноставно бил премногу оскуден за да се измери од орбитален инструмент.

Присуството на метан често се смета како знак за живот, но потврдата дека Марс има метан не е баш иста како потврдата дека таму има живот. Комбинацијата на атмосферски метан најден во близина на воденото тело ја отвора можноста дека некогаш таму имало живот.
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука