X
 27.12.2018 Наука

Aстронаут препорачува: Испраќањето на астронаут на Марс е глупост

Еден од првите луѓе кои летале околу Месечинато изјавил дека е „глупаво“ да се планира човечка мисија на Марс. Бил Андерс, кој бил дел од мисијата „Аполо 8“ и екипажот кој успеал да излезе од орбитата на Земјата, порачал дека би било смешно да се испрати екипаж на Марс.

Инаку, НАСА планира испрати нова мисија на Месечината, а цел на мисијат ае да се развијат нови технологии што во иднина ќе им овозможат на луѓето да слетаат на Марс.

Андерс ги поддржува беспилотните мисии, бидејќи се многу поевтини, а наведува дека не постои доволно голема поддршка од јавноста за поскапи мисии што ќе вклучуваат и човечки екипаж.

-Кој е императивот и што нѐ тера да одиме на Марс? Не мислам дека јавноста е воопшто заинтересирана за такво нешто - истакнува Андерс.

1
Фото: NASA


Во меѓувреме, роботските сонди сѐ уште го истражуваат Марс. Минатиот месец, беспилотното летало „Инсајт“ слета на Марс, а би требало да земе и испрати примероци од Црвената планета.

НАСА неодамна во соопштение порача дека планира нова мисија на Месечината, која би требало да им помогне на астронаутите да се подготват за Марс.

Во декември 1968 година, Андерс заедно со членовите на екипажот Франко Борман и Џим Ловел, полетале од Флорида околу Месечината. Екипажот „Аполо 8“ поминало 20 часа во орбитата, пред да се врати на Земјата. Слетале во Пацификот на 27 декември, а тоа воедно бил првпат екипажот да успее толку долго да биде надвор од орбитата на Земјата. Тој лет бил значаен чекор на пат кон историското слетување на „Аполо 11“ на Месечината, само седум месеци подоцна.

-НАСА денес не би можела да стигне до Месечината. НАСА се претвори во програма за вработување. Многу центри воглавно се заинтересирани да бидат вработени и не сакаат да видат дали имаат поддршка од јавноста, само ги интересира работниците да добиваат плата и неговите конгресмени повторно да бидат избрани - објаснува Андерс.

Неговиот колега Френк Борман кој заедно со Андерс бил на „Аполо 8“, изјави дека не е толку критичен кога станува збор за НАСА.

-Цврсто верувам дека ни е потребно да го истражуваме нашиот Сончев систем и мислам дека во тоа треба да учествува човекот - заклучил тој.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука