X
 16.06.2016 Технологија

Илон Маск го најави почетокот на колонизацијата на Марс

Тој веројатно е единствениот човек за кој веруваме дека ќе не' однесе на Марс. Илон Маск најави дека колонизацијата на Марс би можела да започне порано од очекуваното.


Илон Маск веќе започна да ја освојува вселената со проектите на „Space X“. На неодамна одржаната ексклузивна конференција „Code conference“, самиот Илон Маск откри нови детали за најголемиот потфат во сопствениот живот.

Имено, со развојот на ракетата „Falcon heavy“ и капсулата „Dragon“, кои ги намалуваат трошоците и даваат подобри резултати од класичните вселенски мисии, Маск тврди дека веќе во 2018 година ќе започнеме да испраќаме пакети и опреа на Марс за да се подготвиме за доаѓање на првите колонизации најдоцна до 2025 година.


Така, тој планира испраќање мисии на Марс на секои 26 месеци, а за осум години планира испраќање и на првите луѓе. Маск не сакал да открива премногу детали на конференцијата, но ветил дека ќе добиеме повеќе информации веќе наесен на големата конференција посветена само на овој проект.

Сепак, тој нагласил дека првите колонизатори ќе имаат важна задача да подигнат населба и да организираат некаква општествена заедница.

„Мислам дека најверојатно, формата на власта на Марс ќе биде директна демократија, не репрезентативна. Така што луѓето би гласале директно за сите прашања. И мислам дека тоа е веројатно подобро бидејќи потенцијалот за корупција е значително намален во директната наспроти репрезентативната демократија“, кажал тој.



Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија