Мислите дека не постои совршената работа? Што мислите за заработување додека пешачите во шума?
Компанијата „Хрватски шуми“, која е одговорна за шумите и шумското земјиште во Хрватска, бара 53 студенти кои ќе одат низ шумите и ќе обележуваат и мерат стебла за сечење.
Работата се одвива од 7 до 15 часот, а ангажманот трае до 30 септември. Одбраните студенти ќе добијат надомест од 29,30 куни за час, што е околу 240 денари.
Дали вие би работеле вакво нешто?
Извор:
Moj faks
Насловна фотографија: Pixabay