X
 25.04.2022 Образование

Дали е подобро да се учи ноќе или дење?

Кое е најдобро време од денот за учење? Некои студенти подобро учат во текот на ноќта, а други рано наутро. Вистината е дека и двете опции имаат свои добри страни.

Учење во текот на денот

Со самото тоа што добриот сон ни дава енергија, се зголемува и способноста за добра концентрација. Луѓето се навикнати да работат дење, а да спијат ноќе, па затоа шансите се поголеми дека за време на учењето ќе отидете во библиотека или книжарница доколку тоа ви е потребно.


Фото: Freepik

Освен тоа, полесно е да стапите во контакт со повеќето колеги и професори дење. Конечно, природната светлина е подобра за учење, додека вештачката може да биде штетна за очите и да влијае врз сонот.

Учење во текот на ноќта

Доколку учите навечер, тоа може да го правите во мир и тишина, што може да ви помогне подобро да се сконцентрирате. За време на ноќта е помала веројатноста нешто да ви го одвлече вниманието бидејќи повеќето луѓе спијат и не се активни на социјалните мрежи.


Фото: Freepik
Некои ноќе имаат поголема креативност и тоа може да им помогне поинаку да гледаат на материјалот.

За жал, идеално време за учење не постои бидејќи тоа зависи од личноста, ставот, времето, но и од материјалот.

Извор: Studomat
Насловна фотографија: Freepik
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование