X
 15.10.2022 Технологија

Јапонскиот „Гугл“ создаде тастатура со еден ред за да заштеди простор

Ако работите на биро, тогаш знаете дека секој сантиметар од просторот е многу важен. Помеѓу компјутерските монитори, тастатурите, ламбите и другите алатки, лесно е да се создаде неред.

Во обид да ги намали преполните бироа во канцелариите, јапонскиот „Гугл“ создаде смешен концепт - тастатура со еден ред. Наместо традиционалниот формат, каде што копчињата се распоредени во неколку редови, овој технолошки додаток ја распоредува секоја буква од тастатурата во права линија - и како што можете да замислите, резултатот е доста долга тастатура.

1
Фото: G-board

Наречена „џиборд“, оваа тастатура е долга 160 сантиметри. Иако нејзината ширина е само еден сантиметар, тастатурата е подолга од должината на едно просечно биро.

- Вкупно 17 табли се поврзани во една права линија - објаснуваат инженерите на „Гугл“ во видеото и продолжуваат со демонстрацијата на некои несекојдневни ситуации во кои овој додаток може да биде корисен.

2
Фото: Gboard

Иако прототипот што го направи „Гугл“ е визуелно впечатлив, тој ќе остане само концептуална идеја и нема да влезе во масовно производство.



Извор: Mymodernmet.com
Фото:Gboard
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија