X
 15.04.2015 Култура

Препорачани книги за читање од Марк Цукерберг

Се чини дека името „Марк Цукерберг“ го среќаваме постојано во медиумите. Секако, постои причина за тоа. Младиот милијардер, основач на „Фејсбук“ претставува вистински пример за успех кај младите ширум целиот свет.


Неговиот последен минипроект е читање книги. Поточно, оваа година тој чита една книга на секои две недели, а потоа ја коментира книгата на „Фејсбук“. Ова се петте наслови кои досега се најдоа на насловницата на неговиот профил.

Мајкл Чве - „Rational ritual“

Книгата е напишана од професор по политика од американскиот универзитет во Калифорнија. Книгата била издадена во 2001 година, а во неа фокусот е на теориите на игри и нивните примени на општествените движења, гласањето, собирањето информации, социјалните мрежи, монетарната политика, насилството итн.

Томас Кан - „The structure of scientific revolutions“

Американскиот филозоф Томас Кан ја издал оваа негова прва книга уште во 1962 година. Се работи за историја на научното размислување. Книгата стана популарна меѓу социолозите, филозофите и историчарите, но и меѓу секој кој сака да размислува критички.

Едвин Катмул - „Creativity, Inc.“

Авторот бил еден од соработниците на Стив Џобс во основањето на „Pixar“. Информатичкиот професионалец во оваа книга пишува за креативноста во бизнисот и начините на управување.

Иула Бис - „On immunity“

Во книгата авторката пишува за различни прашања како стравот од владата, медицината итн. Книгата била издадена неодамна и била прогласувана за најдобра од многу угледни списанија.

Суднир Венкатеш - „Gang leader for a day“

Книгата е напишана врз основа на вистинска приказна која ја набљудувал авторот, кој е социолог. Се работи за дилери на дрога од Чикаго и за нивното секојдневие.

Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура