X
 11.11.2017 Технологија

Стигнува нова опција за милиони корисници на Андроид!


Проширена реалност - нова опција на андроид
(Фото: Android Authority)


Надградената реалност, односно проширената реалност на дигиталните објекти, статични или анимирани, ќе стигне до стотици милиони корисници, објави „Гугл“.

ПР (Augmented Reality) според „Android Аuthority“ ќе стигне до сите телефони со Aндроид поддршка најдоцна до крајот на 2018 година. Oдделението за ВР на „Гугл“ во чиј состав се и апликациите и развојот на сервисот, потврди дека околу 100 милиони корисници на поновите модели ќе добијат ПР-опции до крајот на годината, додека другите, според планот, истите услуги и нови сервиси ќе добијат до крајот на следната година.

„Гугл“ смета дека ова е „следната голема работа“ на телефоните и затоа не само најмоќните, туку и телефоните со послаб хардвер ќе добијат таква опција.

„Гугл“ работи на развој на ПР-бизнисот, па заедно со „Самсунг“ ја развиваат новата „ARCore“ мисија во чии рамки би требало да се развијат апликации кои корисниците ќе ги употребуваат „на дневна основа“. Проширената реалност ќе се користи за забава, но и за сериозни работи, како трговија, учење и помош од најразличен вид.

Најдобрите претставници на ПР-апликации се играта „Покемон гоу“ која ги сместува виртуелните  чудовишта–покемони околу вас во реалниот свет, и виртуелниот каталог на „ИКЕА“ кој овозможува да го ставите понудениот мебел директно во вашиот стан за да видете како би се вклопил во просторот.

Примери за добра употреба има многу, па да се надеваме дека ПР навистина ќе можат да го користат сите, а не само привилегираните, како што беше случај досега.
Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија