Употребата на мобилни телефони за време на авионски летови е тема на која често се дебатира. При секој лет стјуардесите предупредуваат патниците да вклучат „flight mode“, но што се случува ако не ги следите нивните насоки и не го направите тоа? За жал, одговорот не е толку јасен.
Најголемата загриженост се состои од тоа што мобилниот телефон на толкава височина испраќа посилен сигнал. Тоа е нешто што може да влијае на мрежата на површина, но не е пријавен случај која мобилен телефон предизвикал уривање на авионот.
Експертите велат дека вистинскиот проблем лежи во тоа што сигналот на мобилниот телефон се меша со оној на авионот, што предизвикува повеќе работа за пилотите за време на критичните фази од летот. Сепак, со напредокот на технологијата проблемот се намалува и ризикот е не е на високо ниво, но зависи од авио компанијата како ќе се справува со ова прашање.
Некои авио компании и дозволуваат комуникација преку мобилен телефон за време на летот, иако не е препорачливо. Правилата за забрана за користење
мобилни телефони во авионите се присвоени уште пред 20 години, а тогашната причина била превенцијата од мешање во радио сигналите на површината.