X
 18.05.2017 Технологија

Нов напад: Проверете дали вашата лозинка е меѓу украдените

лозинка
Фото: Profimedia

Службите за безбедност успеале да пронајдат огромна база на податоци во кои се наоѓаат преку 560 милиони мејлови и лозинки кои биле собрани од непозната личност.

Благодарение на екипата од центарот за истражување и анализа на безбедноста „Kromtech“ заедно со регионалниот директор на „Microsoft“, Трој Хант успеале да ја пронајдат оваа база на податоци.

Повеќето информации се објавени на страницата на Хант, „Have I Been Pwned“ која на корисниците им овозможува да проверат дали лозинките им биле украдени во еден последните упади во системите за безбедност.

„Ова што се случи навистина надминува сè што сме виделе досега“, велат експертите од „Kromtech“.

Ова значи дека повеќето информации кои се пронајдени во оваа база на податоци се украдени за време на други инциденти на страници како „LinkedIn“, „LastFM“, „Tumblr“ и „Dropbox“. Ако на овие сајтови не сте ја промениле лозинката за време на упадот, сега е време да го направите тоа.

Не е познато кој точно ја направил оваа база на податоци со лозинки, меѓутоа експертите од „Kromtech“ го нарекуваат Еди (Eddie) по корисничкото име кое се споменува во базата.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија