X
 19.01.2024 Технологија

Создаден револуционерен мемориски чип кој работи како човечкиот мозок

Истражувачите од Универзитетот „Самјук“ во Јужна Кореја создадоа нов мемориски чип кој го имитира паралелното процесирање на човечкиот мозок.

Уредот е составен од тенок материјал со халкогенид и атоми на сребро. Оваа иновација не само што ја заобиколува потребата за електрична струја во производствениот процес, туку и овозможува работа со мала моќност.

Уредот овозможува мала потрошувачка на енергија и ја имитира паралелната обработка на човечкиот мозок. Тој успешно препознал 92 отсто од цифрите во база на податоци за време на тестирањето, објаснува професорот Мин Кју Јанг.

Освен тоа, уредот покажал издржливост со работа на 85 Целзиусови степени цели два часа.

Оваа технологија може да одговори на побарувачката за зголемен капацитет на меморија кај полуспроводниците, особено во апликациите за големи податоци. Таа може да биде искористена за создавање таканаречени невроморфни чипови, кои ќе бидат следната генерација на полуспроводници за системи со вештачка интелигенција.

Долгорочно, потенцијалот на овие уреди се протега на моделирање биолошки синапси во човечкиот мозок благодарение на нивната работа и малата потрошувачка на енергија.

Извор: Interesting engineering
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија