Владата во Австрија претстави нови нацрт-реформи со кои се намалува додатокот за децата што живеат во странство, а чии родители работат во Австрија. Со тоа особено ќе бидат погодени работниците од земјите од Источна Европа што работат во оваа земја.
Мерката е дел од програмата на коалицијата предводена од канцеларот Себастијан Курц. Тој оцени дека тоа е апсолутно потребно бидејќи Австрија префрла стотици милиони евра за детски додаток во странство, што не е праведно бидејќи трошоците за живот во Романија и во другите земји се пониски од оние во Австрија“.
Себастијан Курц
Фото: Wikipedia
Според одлуката, висината на додатокот за децата што живеат во други земји на ЕУ ќе биде приспособена на трошоците за живот во земјите во кои тие живеат.
Мерката би требало да биде изгласана во парламентот во текот на оваа година и да стапи во сила во 2019
година.