X
 02.01.2020 Живот

Во Австрија стапи во сила забраната за пластични кеси

Во Австрија од почетокот на годинава се применува забраната за продажба на пластични кеси.

Законот предвидува преоден период до крајот на 2020 година, со цел да им се овозможи на фирмите да ги потрошат пластичните кеси во магацините.

Од забраната се изземени биолошко разградливите кеси и тие што се произведуваат од биолошки материјал.

Но, Законот наиде на критики од организациите за заштита на животната средина. Тие наведуваат дека во Австрија има околу 7.000 тони пластичен отпад поради пластичните шишиња и кеси и затоа бараат забрана и на пластичната амбалажа.

Извор: МИА

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот