X
 20.01.2021 Образование

Царовска: Имплементирањето на новата концепција ќе се прави постепено во следните 6 години

Денеска завршува периодот на доставување на коментарите за предложената нацрт-концепција за основно образование по електронска пошта, изјави министерката за образование и наука Мила Царовска по средбата со директорите на училиштата.

-Најголемиот дел од коментарите се однесуваат на тоа дека треба да забавиме со реформите. Секако сметаме дека се движиме полека, затоа што имплементирањето на оваа концепција според она што го предлагаме ќе се случува во наредните 6 години. Односно влегуваме само во прво и во четврто одделение во наредната година и сукцесивно ќе се додава година по година и тоа е најблагиот пристап којшто го преземаме во воведување на реформите - рече Царовска.

Министерството за образование и наука, Бирото за развој на образование и членовите на работната група овој тип на дебати ги продолжуваат и наредниот период и со наставниците и со граѓанските организации и со претставници на Академијата на науки и уметности во нашата држава. Дебати ќе бидат организирани и со други засегнати страни и други универзитетски професори коишто можеби имаат сугестии во врска со концепцијата.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование