Внукот на последниот хабсбуршки цар мора да ја отфрли титулата вон од семејното име, пресуди aвстрискиот уставен суд.
Карлo Хабсбург-Лотринген се нарекувал себеси Карлo вон Хабсбург (Карлo од Хабсбург) на својата веб-страница, што е спротивно на австрискиот закон затоа што се укинати аристократијата и благородничките титули по падот на монархијата во 1918 година.
Случајот стигнал на суд бидејќи внукот на царот Карло I се жалел откако добил казна за употребата на зборот вон. Тој тврдел дека му е прекршено правото на слобода на говорот, на семеен живот и еднаквост пред законот.
Судот ја отфрлил неговата жалба тврдејќи дека уставниот суд смета дека укинувањето на благородничките титули е потег за создавање еднаквост.
Но, судот призна дека не може да го натера да ја плати казната бидејќи
законот за забрана на аристократија никогаш не бил ажуриран.