X
 03.05.2018 Технологија

Каде во светот најмногу се користат роботите?



За голем број професии во иднина нема да требаат луѓе – вештачката интелигенција и роботите ќе ги извршуваат работите побрзо и поефикасно, така што ќе биде поевтино да се вработи робот што ќе одработува за повеќе луѓе.


Лекарка и робот
(Фото: Pixabay)


Роботите и денес ги заменуваат луѓето во повеќе фабрики, иако, како во случајот на „Тесла“, се покажа дека роботите во некои работи сè уште не можат целосно да ги заменат луѓето – така што се установи дека проблемите со производството на „моделот 3“ потекнуваат од претераната автоматизација на производството во таа фабрика.

Минатата недела „Статиста“ објави иконографика која покажува во кои земји најмногу се користат роботи, односно во кои земји има најголем процент на роботи во однос на 10.000 вработени лица. Меѓу првите четири земји во светот се наоѓаат три азиски земји, а првото место ѝ припадна на Јужна Кореја, каде што бројот на индустриски роботи на 10.000 вработени изнесува дури 631. На второ место е Сингапур со 488 роботи, а на четвртото место е Јапонија, со 303 роботи на 10.000 вработени.

Треба да се напомени дека овие бројки се однесуваат на 2016 година. Во развиените земји просечниот број роботи на 10.000 вработени во индустриското производство изнесува 74, додека таа бројка во 2015 година била 66, па иако сè уште не постојат официјални податоци за 2017 година, јасно е дека бројот на роботи дополнително пораснал.

Најмногу роботи во индустриското производство на територијата на Европа се користат во Германија, која се наоѓа на третото место на глобално ниво со 309 роботи на 10 илјади вработени, потоа Данска со 211, Шпанија со 160, а топ-листата на 10 земји во светот со најголем број роботи ја затвора Франција со 132 роботи.

Меѓу првите десет земји во светот, САД се наоѓа на шестото место со 189 роботи, на деветтото е Канада со 145, додека во Кина бројот на роботи на 10 илјади вработени во 2016 година изнесувал 68. Таа бројка во Индија изнесувала само 3!
Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија