Гледајќи ја распространетоста на океанот, се чувствува како далечниот син хоризонт да трае вечно и секогаш. Но не е така.
Ако сакате да пловите во права линија од брегот, без воопшто да сретнете острови или континенти - кое е најдалечното место каде што можете да одите пред да се појави земја на хоризонтот?
Фото: Chabukswar and Mukherjee
Во 2012 година еден корисник на „Редит“ објави мапа за која тврдеше дека е најдолгата права линија што можете да ја следите низ океаните на Земјата: пат од речиси 32.186 километри во права линија од Пакистан до полуостровот Камчатка, Русија.
Прилично фасцинантна хипотеза, но прашањето е дали е вистина? Никој не знае со сигурност.
Корисникот направил и видео како би изгледало епското патување - барем од гледна точка на „Гугл ерт“, иако вели дека координатите ги позајмил од „Википедија“.
Дали патувањето од Пакистан до Русија навистина е најправата линија по која може да се плови? Да, според физичарот Рохан Чабуксвар и инженерот Кушам Мукерје од Центарот за истражувања во Ирска.
Поттикнати од постот на корисникот на „Редит“, Чабуксвар и Мукерје извлекле податоци од Националниот модел на океанска и атмосферска администрација на површината на Земјата - најблиското приближување што може да се добие на 3Д-мапа на земја и вода што ја покрива целата површина на Земјата, ограничена на просторна резолуција од околу 1,8 километри.
Фото: Chabukswar and Mukherjee
Користејќи ги овие податоци, тие сфатиле дека премногу ќе им одземе време за да ги пресметаат точките од секој „голем круг“ што се шири низ светот, па наместо тоа, тие искористиле алгоритам за да ги намалат можностите, но сепак ги довел до одговорот: да, најдолгата права линија низ која човек би можел да плови е од Пакистан до Русија и обратно.
Овој пат можеби не изгледа право ако мислите на правоаголните карти, но тоа е затоа што правоаголната претстава е приближување на планетата на која живееме, што може да доведе до изненадувачки резултати кога замислувате каде може да води хоризонтот.
Фото: Chabukswar and Mukherjee
Исто така, истражувачите ја пресметале најдолгата права линија што некогаш може да се извози на копно почнувајќи од Џинџианг, Куанзоу, Фуџијан, Кина што ве води низ вкупно 153 земји за на крај да ве остави во Сагрес, Португалија. Оваа должина опфаќа 11.241.1 километар.
Меѓутоа, треба да имате на ум дека станува збор за математичка вежба.
Авторите не препорачуваат пловење и возење по пронајдените патишта.