Илјада години. Тоа е минималното време потребно за човек да стигне до најблиската ѕвезда, Проксима Кентаури, користејќи ги тековните методи.
Но бидејќи откривме дека оваа ѕвезда има потенцијално погодна планета, научниците се оптимисти за идејата за меѓуѕвездено патување, повеќе од кога било досега.
„Сега кога знаеме дека планетата е таму, можеме да бидеме покреативни. Можеме да размислиме за решенија - може да испратиме меѓуѕвездени сонди или да дизајнираме вселенски летала за да ја истражуваме планетата“, вели Гилем Англада-Ескуде, лидерот на истражувачкиот тим кој ја откри планетата.
Сепак, 4,2 светлосни години се протегаат меѓу нас и Проксима Кентаури, а тие претставуваат прилично голема дистанца за истражувачите на вселената. Ќе биде потребно време за да пронајдеме решенија.
Истражувањето за тоа кога човек ќе го напушти нашиот Сончев Систем, спроведено од веб-страницата „Futurism“, вели дека тоа нема да биде во блиска иднина.
„Истражувањето на Марс нема да биде порано од 2025-2030 година, така што разумно е да се очекува луѓето да стигнат до орбитите на Нептун и Плутон до крајот на векот, без некакви откритија во егзотичната погонска технологија“, вели еден од испитаниците.
Што велат експертите?
Некои експерти се оптимисти во врска со нашите шанси за меѓуѕвездено патување, тврдејќи дека ако бидеме упорни, би можеле да стигнеме до Проксима Кентаури до 2100 година.
Други, како Маркус Јанг, истражувач во американската истражувачка лабораторија за воздухопловни сили, и не се толку големи оптимисти.
„Постојат многу идеи кои првично би можеле да функционираат. Но после неколку истражувања, ќе откриете дека идеите и нема така лесно да функционираат“, вели тој.
Сепак, Јанг вели дека научниците треба да продолжат да ги проучуваат проблемите поврзани со меѓуѕвездените патувања. Постојат голем број идеи кои покажуваат како конечно можеме да избегаме од Сончевиот Систем, како што се ракетите на фузија. Сепак, нивното зрачење ќе биде премногу токсично за луѓето.
Познатиот основач на „СпејсЕкс“, Илон Маск, истакнува дека меѓуѕвезденото патување е остварливо, но моментално е непрактична цел.
„Ако имаме шанса да испратиме предмети во другите
системи на ѕвезди, треба да бидеме ласерски фокусирани за да станеме повеќепланетарна цивилизација. Тоа е следниот чекор“, вели Маск.