X
 21.05.2018 Наука

Гледањето телевизија нѐ прави несреќни?

Најново истражување го докажува она што долго време знаевме дека е вистинито: премногу гледање телевизија го прави човек депресивен. Исто така, истражувањето откри друг изненадувачки факт: несреќните луѓе уште повеќе гледаат телевизија.

Истражувањето спроведено од Гул Гунајдин, доцент на Одделот за психологија на Универзитетот „Билкент“ во Турција, ги проучувало навиките за телевизија на речиси 1.700 лица на возраст од 33 до 45 години за да го открие квантитативниот позитивен ефект на гледање телевизија.

Наодите велат дека гледањето телевизија не предизвикува директно депресија, туку луѓето со понизок квантитативен позитивен ефект во одредени денови имале тенденција да гледаат повеќе телевизија наредниот ден, што довело до намалување на квантитативниот позитивен ефект.

Се вели дека сме во златната доба на телевизијата. Според критичарите, тоа значи дека постојат голем процент на одлични ТВ-емисии. Но тоа е само една страна од приказната: во голема мера, благодарение на фрагментацијата на медиумите, постојат повеќе телевизиски емисии од кога било.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука