X
 20.08.2016 Наука

Бебешкото зборување го забрзува процесот на зборување кај децата

Според истражување објавено од Универзитетот Рутгерс, користењето на пискав глас во текот на разговорот со вашето дете донесува одлични придобивки при процесот на зборување на детето.

„Зошто им зборуваме со смешен глас на децата? На тој начин им помагаме да ги научат важните карактеристики на јазикот“, вели Патрик Шафто, вонреден професор по математика и информатика на Универзитетот Рутгерс кој го спровел истражувањето. Тој заедно со неговите колеги создал математички модел за предвидување на тоа како јазикот би изгледал ако би бил дизајниран да ги научи децата како да зборуваат. Исто така, тој го поврзал и со звукот кој го поврзуваме кога разговараме на „бебешки јазик“.

„Звуците кои се избрани ги прикажуваат важните својства кои им се потребни на децата за да учат“, вели Шафто.

Сепак, постојат луѓе кои мразат ваков вид на зборување и сметаат дека децата треба да бидат охрабрени да зборуваат точно и правилно. За голем дел од овие луѓе ваквото бебешко зборување е смешно и глупаво. Меѓутоа, како родители, често правиме работи кои изгледаат и прават да се чувствуваме глупаво такашто ваквото бебешко зборување веројатно е многу помалку глупаво од она што повеќето од нас го прават за да го занимаваат и забавуваат своето дете во текот на денот.

Истражувањето тврди дека нашите деца побрзо ќе стекнат вештини за зборување ако го користиме овој бебешки начин на зборување.  
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука