Холандија е модeрна земја со богата традиција. Речиси 27% од површината на земјата се наоѓа под вода, што ја прави земјата поинтересна за туристите, па и за студентите.
Во Холандија годинава се запишале над 44.000 студенти. Речиси 8% од вкупното население го сочинуваат студентите. Холандија нуди голем избор на студиски програми и курсеви кои се предаваат на англиски јазик.
Факултети и универзитети
Холандија има повеќе видови образовни установи. Главните типови ги сочинуваат истражувачките универзитети и универзитетите за применети науки. Списокот на истражувачки универзитети може да го погледнете
ОВДЕ.
Овие универзитети воглавно нудат студиски програми фокусирани на истражување и академско опкружување. Од друга страна, универзитетите за применети науки нудат програми кои се фокусираат на практична примена на знаењето добиено од областа на природните и општествените науки. Список на универзитети за применети науки може да погледнете
ОВДЕ.
Најмалку застапениот вид образовни установи се институтите за меѓународно образование кои нудат програми специфично создадени за странски студенти. Список на институти за меѓународно образование може да најдете
ОВДЕ и
ОВДЕ.
Колку чинат студиите?
За студентите од земјите надвор од Европската унија, школарината чини некаде меѓу 5.000 и 25.000 евра. Дополнително се плаќаат и трошоци за пријави кои може да изнесуваат од 50 до 100 евра, но и повеќе, во зависност од студиската програма.
Стипендии
Пред да започнете со барање стипендии за студирање во Холандија, проверете дали вашиот факултет нуди програми за размена за оваа земја. Доколку нема, погледнете ги следните стипендии:
-
http://www.studyinholland.nl/scholarships/grantfinder
-
http://www.studyinholland.nl/scholarships/scholarships-administered-by-nuffic/erasmus-mundus
-
http://www.studyinholland.nl/scholarships/scholarships-administered-by-nuffic/erasmus-plus
-
http://www.studyinholland.nl/scholarships/scholarships-administered-by-nuffic/tempus
Како да се пријавите?
За да се пријавите за студии во Холандија потребно е прво да го контактирате посакуваниот факултет. Тие ќе ви кажат кои документи треба да подготвите и откако ќе го сторите тоа, ќе добиете формулар за пријава. За некои области, особено уметностите, потребно е и да се положи приемен испит.
Англиски јазик
За студии во Холандија е неопходно доброто познавање на англискиот јазик, кој се докажува со диплома од тестовите IELTS или TOEFL. Некои факултети признаваат и други дипломи. Минималните поени за TOEFL се 550 (писмен) и 213 (компјутерски), додека за IELTS е 6.
Подготвителна година
Доколку не ги исполнувате условите за упис, некои факултети ќе ви овозможат да одите во Холандија на една подготвителна година, по која ќе може повторно да поднесете пријава и шансите за упис ќе ви се зголемат.
Рокови за пријавување
Роковите зависат од факултетот на кој се пријавувате. Воглавно, потребно е да се пријавите неколку месеци пред почетокот на семестарот. Првиот семестар започнува на почетокот на септември, а вториот во февруари.