Решавањето на проблемите во одредени ситуации е најбрзиот начин кој може да ви покаже како некој размислува, а Јапонците смислиле сериозен проблем кој од вас бара целосно да се посветите доколку сакате да го решите.
Загатката бара да ги префрлите луѓето од едната на другата страна на реката, но мора да следите одредени правила:
1. Сплавот истовремено може да превезува најмногу две лица.
2. Таткото не смее да остане сам со ќерките без мајката.
3. Мајката не смее да биде оставена сама со синовите без таткото.
4. Крадецот не смее да остане само со кој било член од семејството без присуство на полицаец.
5. Крадецот може да остане сам на брегот, нема да избега.
6. Со сплавот може да управуваат само полицаецот, таткото и мајката.
Тестот можете да се обидете да го решите
ТУКА.
Доколку не успеавте да го решите врз основа на дадените информации, во видеото можете да го погледнете решението.
Фото: Screenshot/YouTube