X
 24.03.2022 Живот

Мажите почесто ја преценуваат сопствената интелигенција

Доколку сте маж кој постојано мисли дека другите се помалку интелигентни, не сте единствени. Според едно истражување, мажите почесто ја преценуваат својата интелигенција отколку жените. Истовремено, не биле откриени разлики помеѓу коефициентот на интелигенција кај мажите и жените, односно нема еден пол кој генерално е поинтелигентен.

Сепак, машкоста на испитаниците се покажала како карактеристика која игра улога во начинот на кој луѓето размислуваат за своите когнитивни способности. Накратко, било откриено дека луѓето што се однесуваат помажествено, дури и доколку не се родени како мажи, почесто мислат дека се попаметни отколку што навистина се.

Полот одреден при раѓањето сепак бил доминантен показател за оценувањето на сопствената интелигенција од страна на испитаниците.

Во анализата биле вклучени 228 учесници, од кои 103 се идентификувале како мажи, а 125 како жени.

Претходно имало истражувања за разликите во интелигенцијата помеѓу половите, но ова е прво што го зело предвид психолошкиот пол.

Извор: Futurism
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот