Оваа недела доминира изгревањето на полната Месечина. Како што се движи кон полна Месечина за време на викендот, ќе го исполни небоо со светлина по заоѓањето на сонцето, што ќе го отежне гледањето на ѕвездите.
Но, на 5 мај ќе можете да ја видите прекрасната полна Месечина како изгрева на небото. Тоа ќе се случи веднаш по зајдисонце и вреди да излезете надвор да ја видите. Меѓутоа, за некои делови од Европа и цела Африка, Азија, Австралија и делови од Пацификот, Месечината ќе биде затемнета од Земјата. Ова се нарекува пенумбрално затемнувањет на Месечината и се случува затоа што полната „Цветна месечина“ ќе биде во нејасната надворешна сенка на Земјата неколку часа.
Метеорски дожд „Ета-Акварид“
Иако метеорскиот дожд ќе биде пригушен од полната Месечина, ако сте надвор околу полноќ, имате пристојни шанси да го видите овој метеорски дожд. Предизвикан од прашината и отпадоци оставени во Сончевиот систем од Халеевата комета, метеорскиот дожд „Ета-Акварид“ може да испорача до околу 30 ѕвезди кои паѓаат на час.