X
 03.09.2019 Наука

Најдоброто од Нептун и други небесни феномени нѐ очекуваат во текот на септември

Како што ноќите стануваат подолги низ северната хемисфера, љубителите на астрономијата ќе имаат можност да поминат повеќе време под ѕвездите додека температурите сè уште се пријатни.

Обележете го вашиот септемвриски календар затоа што ве очекуваат доста возбудливи небесни феномени.

Џовијан триаголник - 5 септември

septemvri
Фото: National Geographic

На 5 септември Месечината ќе формира триаголник со Јупитер и ѕвездата Антарес близу соѕвездието Скорпија. Фрлете поглед кон јужното небо и ќе имате можност да го видите небесниот триаголник, формиран од првата четвртина на Месечината, Јупитер и ѕвездата Антарес, оддалечена 550 светлосни години. Сите три објекти ќе се најдат околу регионот на соѕвездието Скорпија.

Месечината и Сатурн - 7 септември

7
Фото: National Geographic

На 7 септември Сатурн ќе биде близу соѕвездието Стрелец, а Месечината ќе лебди над него. Погледнете кон јужното небо на зајдисонце за да ја уловите оваа необична глетка.

Најдоброто од Нептун - 10 септември


neptun
Фото: National Geographic

На 10 септември големиот Нептун ќе биде најсин и најсветол - за да го најдете среде ѕвездите на Водолија, ќе ви биде потребен мал телескоп. Во текот на вечерта на 10 септември Нептун ќе биде спротивно од Сонцето.

Полна месечина - 13 септември

На 13 септември ќе имате можност да видите полна Месечина веднаш по зајдисонцето. Во 00:32 часот Месечината ќе го добие статусот полна. Полната месечина пред есенската рамноденица е позната како „Месечина на жетвата“, име што веројатно го измислиле земјоделците во северната хемисфера бидејќи се смета дека нејзината светлина им помагала на земјоделците да ги соберат нивните култури.

Септемвриска рамноденица - 23 септември

Рамноденицата се јавува во 3:50 часот по полноќ, официјално обележувајќи го почетокот на есента во северната хемисфера и почетокот на пролетта во јужната хемисфера. Зборот рамноденица потекнува од латинскиот јазик што значи „еднаква ноќ“ и се однесува на 12-часовниот ден и 12-часовната ноќ, што се случува само во овој ден од годината.

Месечина со Близнаци - 23 септември


4
Фото: National Geographic

Утрото на 23 септември, околу 45 минути пред изгрејсонце, погледнете кон исток и ќе забележите дека Месечината „позира“ со две светли ѕвезди, Кастор и Полукс. Кастор е брилијантна бела ѕвезда, додека Полукс е портокалов џин.

Месечината лежи со Лав - 26 септември


lav
Фото: National Geographic

Во 1940 година фотоните на светлината избувнале од ѕвездата Регулус, срцето на соѕвездието Лав. Сега, по 79 години патување низ вселената, оваа светлина ќе помине покрај Месечината и ќе се „судри“ со нашите очи.

Хороскопска светлина - 26 септември


Околу еден час пред изгрејсонце и следните две недели љубителите на астрономијата може да бидат сведоци на една од најинтересните астрономски појави - Хороскопската светлина.

Овој зрак на светлина во форма на пирамида лесно се меша со светлината на далечен град над темниот хоризонт во селата.

Најдобриот период да се фати оваа небесна светлина е околу еден час пред изгрејсонце.

Овој небесен феномен е одраз на милијарди честички со големина на прашина, оставени во меѓупланетарниот простор, откако се формирале планетите пред 4,6 милијарди години.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука