Факултети.мк ги поддржува студентите и секогаш одвојува простор за нивните приказни, потреби и успеси во земјава и во странство. Во таа насока ја започнуваме и новата рубрика Студентски проекти, во која ќе ги објавуваме трудовите на студентите кои сакаат нивното дело да допре до пошироката јавност.
Ги покануваме сите заинтересирани студенти да нѐ контактираат на redakcija@fakulteti.mk.
Сања Милеска, Валерија Мишова и Симона Манева, студентки на ФИНКИ, го реализираа проектот Вируси и сајбер-насилство по предметот Медиуми и комуникации.
Истражувањето е за нивото на познавање на поимите кај различни возрасни групи и резултатите покажаа дека интернет-корисниците не се целосно запознаени со негативната страна на интернетот.
Со овој проект сакаат да ја покренат свеста на интернет-корисниците и да ја актуализираат темата за вируси и сајбер-насилство.