X
 03.06.2023 Живот

Како да го подготвите автомобилот за летно патување?

Пред да тргнете на подолго патување, клучно е да се подготвите за неочекувани ситуации. Истражување од „Еуробарометар“ покажало дека 56 отсто од Европејците го сметаат автомобилот за главен начин на превоз. Автомобилските експерти споделуваат неколку вредни совети за подобро да го подготвите автомобилот за летни патувања.

Проверете ја состојбата на гумите

Пред да тргнете на долго патување, важно е да ги прегледате гумите и да се осигурите дека тие се во добра состојба. Тоа вклучува проверка на длабочината на профилот и општата состојба на гумата. Доколку гумите се истрошени или оштетени, би било добро да ги замените пред патување.

Преглед на возилото

Одржувањето на возилото игра клучна улога во неговата безбедност, без оглед дали е ново или старо. Прегледајте го системот за климатизација за да бидете сигурни дека ќе имате удобно возење во жешките температури. Неисправната климатизација може да доведе до отежната концентрација од страна на возачот поради висока температура во возилото. Неисправен систем на ладење може да предизвика прегревање на моторот, што бара скапи поправки и неочекувана штета.

Размислете за инсектите

Последно нешто што сакате е попречен поглед поради инсекти. Затоа, треба да набавите течност за миење на предното ветробранско стакло и отстранување на инсектите. Оваа течност ги отстранува остатоците од инсектите кои завршуваат на стаклото при возењето.

Комплет за итна помош

Никој не сака да заглави во сообраќај, но клучно е да се подготвите за таа можност. Составете комплет во кој ќе има пакет за итна помош, но и светилка, кабли за палење, мерач на притисок во гумите и резервна гума. Размислете и за додавање преносен полнач за телефон, прекривка и грицки кои не се расипуваат.

Пакувајте се паметно

За патувањето да биде удобно, пакувајте се паметно. Дајте им приоритет на основните работи и оставете ги неважните предмети и алишта за да го зголемите слободниот простор во возилото. Важните работи нека ви бидат при рака. Ваквото пакување е добро и затоа што возилото со помалку багаж ќе троши помалку.

Извор: Autonet
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот