X
 30.06.2019 Живот

Немате време да испланирате патување? Постои компанија што ќе ви организира мистериозен одмор

За да испланирате одмор потребно е време, а вистината е дека повеќето луѓе го немаат. Потребно е време за да одлучите каде ќе одите. Исто така, треба да резервирате летови, сместување, како ќе се снајдете таму, што ќе правите, каде ќе јадете итн.

Но, компанијата „Pack Up + Go“ на сите патници што не сакаат да трошат време на сите горенаведени работи им планира целосно патување. Сè што треба да направите е да пополните анкета и да им го кажете вашиот буџет. Но, треба да бидете подготвени затоа што тие самите ја избираат вашата дестинација, резервирајќи тридневни викенд-патувања во различни градови.

Патниците плаќаат однапред и компанијата им резервира авионски билети, хотел, и ја бара нивната дестинација без дополнителен надомест.

Според нивната веб-страница, ако изберете патување за двајца за 1.000 долари по човек, тогаш ќе платите точно 2.000 долари и ништо повеќе.

Една недела пред патувањето ќе добиете е-порака со временската прогноза, ограничувањата на големината на багажот, препорачани предмети што треба да ги спакувате и каде треба да го почнете вашето мистериозно патување. Неколку дена пред вашето заминување компанијата ќе ви испрати упатства за насоки до вашето сместување, како и градски водич, вклучувајќи листа со кафулиња, ноќен живот и кои денови би можеле да бидат врнежливи.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот