X
 29.04.2023 Живот

Која е вистинската намена на внатрешните рачки во автомобилот?

Автомобилите денес имаат еден дел чија вистинска улога е непозната за многумина. Дали некогаш сте ги користеле рачките што се наоѓаат над вратите во автомобилот?

Многу луѓе ги користат за на нив да закачат закачалки, а некои ги користат во страшни ситуации. Меѓутоа, нивната вистинска функција е сосема поинаква.

Нивната намена, всушност, е да го олесни влегувањето и излегувањето од автомобилот.

Овие рачки им помагаат на луѓето што имаат проблеми со движењето. Тие се доволно цврсти за лицето да се држи на нив додека седнува на седиштето.

Извор: Technology
Насловна фотографија: Freepik
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот