Сите кои во 70-тите и 80-тите години на минатиот век патувале на одмор на Јадранот, сигурно се сеќаваат на будењето в зори, возењето автомобил без клима и долгиот пат до морето.
Во продолжение некои од нив се потсетуваат на тоа како некогаш изгледало патувањето на море, потенцирајќи дека тогаш ништо не им недостасувало.
- Патувавме со автомобил. Патувањето од Загреб до Сплит траеше шест до седум часа. Секогаш застанувавме на ручек. Често патувавме навачер за да избегнеме гужва бидејќи автомобилот немаше клима. Имавме фрижидерче што го чувавме во багажникот - се присетува 60-годишната Љиљана.
- Татко ми го чуваше автомобилот како очите, а внатре не смеевме да јадеме или пиеме. Не смееше ни да се пуши. Гужвата беше ужасна. Прозорецот од автомобилот се отвораше рачно и така создававме провев. Честопати во автомобилот не ги собираше сите работи, па багажот го стававме на покривот на автомобилот. Со оглед на тоа што немаше многу бензински пумпи, си носевме бензин во канистер од пет литри - додава таа.
- Со сопругот патувавме на море среде ноќ. Така избегнувавме гужва. Секогаш приготвував седнвичи. Куферите во автомобилот секогаш ги редевме плански - сè требаше правилно да се намести за возилото да не падне. Патувавме со часови навечер затоа што сакавме да ги избегнеме гужвата и сонцето. Тогаш мојот сопруг пушеше по две кутии цигари дневно, а јас се гушев во тој чад. Се разбира, возевме југо и немавме клима, што е вистинско мачење. Искрено, ми недостигаат тие времиња, кога бев помлада и поопуштена и кога ништо не ми беше проблем, па ни фактот дека немаме клима во автомобилот - вели 62-годишната Маја.
70-годишната Сандра се сеќава на автомобилот без клима во кој пушел нејзиниот татко.
- Клучот од станот го остававме кај комшиката со која многу живеевме за одвреме-навреме да го проверува и да ги наводнува растенијата. Автомобилот ни беше преполн со работи. Мама секогаш ни спремаше сендвичи за попат, а јас и брат ми ќе ги изедевме уште пред тргнување. Во фрижидерчето имаше сокови и вода, а тоа секогаш стоеше кај нозете на мајка ми - раскажува таа.
- Патувањата беа многу долги. Се сеќавам дека еднаш погледнав низ прозорецот и си помислив: „Дали има крај овој ден?“. За да се занимавам си носев книги, а брат ми играчки. Често знаевме да се караме во автомобилот - додава таа.
Извор:
Index.hr
Фото:
Instagram