Ако сакате високи плати и релативно ниски трошоци за живот во однос на примањата, оваа земја е одлично место за да се преселите во Европа. Или така барем тврди индексот за преселување без данок (Tax-Free Relocation Index) на компанијата „Вилијам Расел“, кој ги идентификува најдобрите дестинации за преселување земајќи ги предвид земјите со ниска или нулта стапка на данок на доход.
При изработката на индексот се земаат предвид просечните плати во државата, трошоците за домување и даночните стапки. Тој е наменет за поединци кои бараат финансиски најповолни места за живеење и работа.
Според овој индекс, Лихтенштајн се издвојува како одлична дестинација. Станува збор за мала држава сместена меѓу Австрија и Швајцарија, чии жители имаат просечна нето-плата од околу 8.250 евра. Земјата се одликува со стабилна економија која е тесно поврзана со Швајцарија, висок животен стандард и многу ниска стапка на криминал, каде што безбедноста е речиси целосно загарантирана. Покрај тоа, Лихтенштајн има и исклучително убава и недопрена природа бидејќи е сместен во долината на реката Рајна во Алпите.
Сепак, треба да се има предвид дека станува збор за многу мала земја со околу 40 илјади жители, при што околу 70 отсто од работната сила ја сочинуваат странски државјани, најчесто од Германија, Австрија и Швајцарија.
Поради ограничениот простор и бројот на населението, Лихтенштајн издава ограничен број дозволи за престој, па преселувањето не е едноставно. Најлесно се добива дозвола доколку се најде работодавец директно во земјата, а најбарани се работници од ИТ-секторот, финансиите, инженерството и медицината.
Извор:
Punkufer.dnevnik.hr
Фото: Magnific