X
 03.07.2019 Наука

Најмалата машина за магнетна резонанција го фати магнетното поле на еден атом

Користејќи нова техника, научници ја извршија најмалата магнетна резонанција и го фатија магнетното поле на одделни атоми. Тоа е неверојатно важен чекор кој би можел да ги подобри квантните истражувања, како и нашето разбирање на универзумот на субатомско ниво.

- Многу сум возбуден од овие резултати. Ова дефинитивно е важен настан во нашето поле и има многу ветувачки импликации за идните истражувања - истакнува физичарот Андреас Хајнрих од Институтот за основна наука во Сеул.

Веројатно сте запознаени со овој отсликувачки метод, кој се користи за отсликување на внатрешните делови од телото за медицински цели. За да можат да го сведат процесот на многу помали димензии, истражувачите употребиле скенирачки тунелски микроскоп (СТМ) - инструмент кој може да отслика површини на атомско ниво со минување на екстремно тенка игла над нив.

Ова било искористено за да се истражат внимателно подготвени атоми на титаниум и на железо. Со мал грст магнетизирани атоми на железо прикачени на врвот, станал мала машина за магнетна резонанција, порамнувајќи ги електроните, наместо протоните, во примерокот.

Сè што требало да направат тогаш е да додадат пулс на радиофреквентна струја, која овозможила сензорите да ја детектираат енергијата ослободена од електроните, произведувајќи слика од магнетното поле на еден атом на титаниум или железо.

1

Фото: Science Alert

- Излегува дека магнетната интеракција што ја измеривме зависи од карактеристиките на двата спина, оној на врвот и оној на примерокот. На пример, сигналот што го гледаме за атомите на железо е многу поразличен од оној за атомите на титаниум. Ова ни овозможува да разликуваме различни видови атоми преку нивниот потпис на магнетната резонанција и ја прави нашата техника многу моќна - вели физичарот Филип Вилке.

Дополнително на оваа способност за идентификување на елементот само од еден атом, техниката е толку чувствителна што може и да разликува атоми кои се еден до друг.

Тимот има прилично големи планови за оваа техника. Верува дека таа ќе биде многу корисна за мапирање на магнетните карактеристики не само на индивидуални атоми, туку и на поголеми структури, како молекули.
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука