X
 28.09.2018 Наука

Научници пронајдоа нов начин на складирање податоци во атом

Човештвото во текот на само една минута поризведува толку многу податоци што или би требало да забавиме или научниците ќе треба да го решат проблемот за пронаоѓање на подобри начини за складирање на тие податоци што е можно поскоро. Ново истражување не води чекор поблиску до последното збиено зачувување на податоците: ставање податоци на еден единствен атом.

Како основна „градежна единка“ на сите материи, атомите се најмалиот објект на кој би можеле да складираме бит, потенцијално намалувајќи ја големината на постоечките хард дискови за околу илјада пати, но ако сфатиме како да го направиме тоа.

Научниците веќе имаат напредок кога станува збор за складирање на битови на атоми, но само во мал степен и во контролирани лабораториски услови, што обично значи екстремно ладни системи.

Последната студија на тим од Универзитетот „Радбуд“ во Холандија идентификува нов механизам кој има потенцијал да функционира на собна температура.

Важен фактор бил изборот на материјали: атоми на кобалт на слој од полустпроводлив црн фосфор. Друг фактор бил методот кој се користел за да се магнетизираат атомите за да се складираат битови, а кој се разликувал од вообичаениот пристап со искористување на начинот на кој електроните се вртат додека орбитираат околу јадрото.

Фото: Science Alert

Сето ова во моментов е едно големо „можеби“ и може да е потребно некое време за да се извади овој пробен метод од лабораторијата во вашиот компјутер, но знаците се ветувачки. Поточно, новите материјали и методи може да го решат проблемот на одржување на атомите доволно магнетизирани и стабилни за да бидат корисни.

Во преходно истражување на зачувувањето податоци на атоми, истражувачите користеле екстремно ниски температури за да ја осигураат стабилноста. Температурата одела дури 233 степени под нулата. За новиот експеримент исто така била потребна екстремно ниска температура за работа, но научниците предвидуваат дека нема да биде толку чувствителен на зголемување на температурата како кај други методи.

Може да помине некое време додека сето ова да влезе во нашите телефони или лаптопи, но студијата не приближува до тоа, а кога ќе дојде тоа време, ќе можете да снимите колку што сакате фотографии и видеа во вашите паметни направи.
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука