Многумина веќе почнаа да ги прославуваат празниците со накитена елка во домот. Една студентка по применета физика од технолошкиот универзитет „Делфт“ во Холандија имала различна замисла за нејзината елка оваа година.
Маура Вилемс одлучила да ја направи најмалата елка во светот. Алатот што го користела бил многу поголем од елката што ја создала. Станува збор за комплициран уред со микроскоп со кој може да се градат мали структури на атомско ниво.
Вилемс ја составувала елката буквално атом по атом за да ги анализира квантните механички својства на секој од атомите. На крајот, таа создала елка од 51 атом која е 40.000 пати потесна од човечко влакно.
Елката е висока точно 4 нанометри без да се смета врвот.
Автор: Фабиен Ленг
Извор:
interestingengineering.com
Насловна фотографија: Screenshot/Twitter