X
 03.07.2019 Живот

Стокхолм ќе се спротивстави на забраната за пушење на отворено

Од 1 јули во Шведска е забрането да се пуши на отворени јавни места, вклучувајќи ги и автобуските и железничките станици и отворениот простор во баровите и рестораните, што значи дека сега речиси нема јавно место каде што пушачите може да ѝ се препуштат на својата навика.

Новата построга забрана за пушење, која стапи во сила во понеделникот, важи и за електронските цигари. Но, Стокхолм соопшти дека планира да се спротивстави на забраната, дозволувајќи им на три добро познати отворени барови да продолжат да нудат „соба на отворено“ каде што пушачите ќе можат да пушат.

- Од политичка гледна точка, побаравме од службениците да заземат прагматичен поглед на просториите за пушење на отворено и сме подготвени да застанеме цврсто зад таа одлука доколку стигне на суд - изјави Јан Јонсон, либерален советник во Градскиот совет во Стокхолм.

zona
Една од зоните за пушење во Малме/Фото: Malmö Stad

Најмалку три ресторани планираат да понудат соба на отворено за пушење, со поддршка од градските власти. Законот им дозволува на рестораните да имаат одделни места за пушење, но на клиентите не им е дозволено да ги носат своите пијалаци или да консумираат храна таму.

Другите градови веќе преземаат акција, а Малме веќе поставува посебни зони на три места, вклучувајќи го и плоштадот Лила Торгет, кој е познат по своите отворени ресторани.

- Колку што знам, Малме е првиот град во Шведска што има ваков вид решение, со вакви зони на јавни места - изјави Сверкер Харалдсон, лидер на проектот.

Освен за кафулињата на тротоар, новиот закон забранува и пушење на јавни места што се користат за спорт, како што се фудбалски игралишта, а забранува и пушење на автобуските постојки и на игралиштата за деца.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот