Жртвите во сообраќајни несреќи низ светот се високи, дури и во развиените земји, а најчесто причини се невнимателното возење и возење во пијана состојба, но и поради долго возење и поради и налетување на пешаци. Но Шведска откри нов начин за тоа како да го намали бројот на жртви. Во двата најголеми градови на оваа земја, во Стокхолм и Гетебург, жртвите во сообраќајот општо гледано не се зголемиле во последните пет години, и покрај тоа што во тој период постојано се зголемува автомобилскиот сообраќај.
Бројот на тешко повредени и загинати во сообраќајни несреќи ширум оваа земја дури и се намали за отприлика две третини откако претставниците на властите пред две децении започнале различно да размислуваат за овој проблем. Андрес Ли, експерт за сообраќај во управата за транспорт во Шведска, вели дека во неговата земја успеале да ги направат патиштата побезбедни така што на сообраќајот му пристапиле неконвенционално, помалку фокусирајќи се на намалувањето на бројот на сообраќајни несреќи и бројот на жртви.
Фото: Pixsell
-Луѓето секогаш ќе прават грешки. Затоа неопходно е да се формираат сообраќајните закони и инфраструктурата, така што на ум да се имаат токму тие грешки. На пример, во САД луѓето често одат или возат велосипед со автомобилите што се движат со 70 километри на час - Вели Ли.
А всушност во таквите зони подобро би било ограничувањето на брзината од 40 километри на час. Ова го наведуваат и резултатите од истражувањето спроведено од шведската управа за транспорт во соработка со Европската програма за проценка на новите автомобили, со владата и потрошувачите. Ризикот дека автомобилот што вози помеѓу 30 и 40 километри на час може да убие пешак се многу, многу мали.
Станува збор за брзина прифатлива за населено подрачје. Тој вели дека дека и брзината на градот треба да биде ограничена на 50 километри на час, а на главните патишта 80 километри на час. Голем број држави и градови во САД работат на планови со кои ќе ги донесат патиштата на повисоко ниво или ќе спроведат законски стандарди, чија цел е за зголемување на безбедноста на сообраќајот.
Шведската влада во меѓувреме си постави долгорочна цел на нула жртви во сообраќајот, односно 220 жртви годишно до 2020 година, што значи 13 отсто помалку во однос на 253 жртва во 2017 година. Тоа би значело помалку од една жртва дневно, што е значајно намалување во споредба со нешто повеќе од две жртви од 1990 година. Во Шведска се примениле многу стратегии, едноставни, но научно базирани: намалување на брзините, построг закон за возење, ригорозно образование на возачите.
Официјалните лица велат дека менувањето на правилата на патиштата се поефикасни од обидот да се промени однесувањето на возачите. Шведска инвестирала многу во огради по должината на патиштата, што ја намалува можноста за фронтални судири и кружни текови што ги елиминира несреќите. Ли вели дека на автопатите и брзите патишта, на кои се додадени огради, а на кои претходно немало ништо, бројот на жртви се намалил за 80 отсто.
Исто така, Шведска ги натерала производителите на автомобилите да вградуваат одредени безбедносни системи. Меѓу другото е и автоматско сопирање, што регистрира објект пред себе и започнува да кочи и покрај тоа што возачот не реагирал. Таквите системи не секогаш спречуваат грешки, но значително го намалуваат нивното влијание.
Шведска неодамна забрани употреба на мобилни телефони при возење, односно бара од возачите да ја користат „hands-free“ опцијата.