X
 14.07.2016 Здравје

Колкава количина марихуана може да го убие човек?

Се' повеќе земји ја легализираат марихуаната за „рекреативни“ и медицински цели, но научниците предупредуваат дека премногу марихуана може да предизвика несакани ефекти, како и претераното внесување на било кои други супстанци. Истражувајќи го предозирањето со марихуана, научниците дошле до податоци која количина е потребна за последиците да бидат фатални.

Меѓу несаканите симптоми се наведуваат привременото чувство на параноја, недостаток на здив, гадење, забрзано чукање на срцето или дезиорентација.

Сепак, медицинските податоци покажуваат дека мал број на случаи во кои некој умрел како последица од консумирањето на марихуана, а кога резултатот бил смрт, најчесто таа била предизвикана од болест или комбинација на марихуана со друг лек.

Испитувајќи колку е потребно да се внесе THC (активна состојка на марихуаната) за да дојде до смрт, истражувачите откриваат дека е потребно да се внесе дури 40.000 пати повеќе од износот на марихуана која е потребна зашеметување на една личност.

Според таа пресметка, количината марихуана која би убила човек е 750 килограми марихуана и тоа само ако човек успее да ја испуши во рок од 15 минути. За споредба, количината алкохол која човек треба да ја испие за да дојде до смрт е пет до десет пати поголема од онаа количина која е потребна за да се испијани.

Сепак, тоа не значи дека марихуаната е безопасна. Истражувањата покажуваат дека таа може да има негативни последици врз здравјето. Покрај споменатите напади на паника, тука се и проблемите со меморијата и забавената координација, а меѓу долгорочните последици се истакнува и намалената плодност и поголем ризик од ментални болести.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје