X
 03.07.2019 Живот

„Виски-војна“ за ненаселен остров помеѓу две земји

Далеку во Северниот Арктик лежи еден неплоден и запуштен остров наречен Ханс.

Ненаселениот остров е долг 1,3 километар и широк 1,2 километар и не поседува очигледни природни ресурси, но сепак претставува предмет на долгогодишна борба помеѓу две земји.

Уште од раните 30-ти години овој остров бил во центарот на несогласувањата меѓу Канада и Данска. Ханс се наоѓа на средината на протокот Нарез, долг 35 километри, што го одделува Гренланд, автономна територија на Данска, од Канада. Поради меѓународното право, сите земји имаат право да присвојат територија што се наоѓа на оддалеченост до 20 километри од нивниот брег.

1
Фото: Google

Островот Ханс технички е лоциран во данските и канадските води. Било одлучено островот да биде данска територија од страна на Меѓународниот суд на Лигата на народите во 1933 година. Но, со оглед на тоа што Лигата на народите се распадна во 30-тите години, а потоа била заменета со Обединетите нации, првичната одлука за статусот на островот немала валидност.

Проблемот со островот бил заборавен со почнувањето на Втората светска војна, а потоа и Студената војна. По завршувањето на војните, во 1984 година проблемот повторно се појавил. Истата година данскиот министер задолжен за Гренланд пристигнал на островот и поставил данско знаме, под кое ставил порака на која пишувало: „Добре дојдовте на данскиот остров“, заедно со шише бренди. Оттогаш двете земји почнале да водат не толку сериозна „виски војна“ за овој остров.

Иако двете земји продолжиле да не се согласуваат околу територијалниот статус на островот, владите успеале да ја продолжат „виски војната“ како и хуморот во врска со проблемот.

- Кога данската војска е на островот, таа остава шише ракија, а кога ќе дојдат Канаѓаните, тие оставаат шише виски со порака: „Добре дојдовте во Канада“ - вели Петер Таксо Јенсе, дански амбасадор во САД.

И двете земји планираат да го направат островот заедничка територија со која ќе управуваат и канадските и данските општини што граничат со островот.

Фото: Wikipedia
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот