X
 10.03.2021 Живот

На еден грчки остров нема коронавирус и сите жители се вакцинирани

На малиот грчки остров Кастелоризо нема заразени со коронавирусот. Сите 500 жители на островот биле вакцинирани. Од март лани само еден жител бил позитивен на коронавирусот, а тој брзо бил изолиран и се спречило потенцијалното ширење.

Локалните жители се внимателни, но живеат порелаксиран живот во споредба со поголемиот дел од светот. Секој што ќе пристигне на островот треба да направи брз тест за коронавирусот.

Пред пандемијата на овој остров имало многу туристи, па жителите се надеваат дека тие повторно ќе се вратат. Жителите, меѓу кои е и рибарот Михалис Матсос, финансиски се погодени од пандемијата и се надеваат дека ситуацијата ќе се подобри во следните месеци.


- Туристите повеќе не доаѓаат, сами сме. Рибата не може да се продаде. Што и да фатам, нема вредност. Се надеваме дека луѓето ќе дојдат ова лето бидејќи тие го купуваат поголемиот дел од рибата што ја фаќам - изјавил Матсос за „Јуроњуз“.

Жителите на островот го поддржуваат предлогот на владата на Грција да се издаваат сертификати за вакцинација со кои би се зачувала безбедноста на жителите на островот при доаѓањето на туристите.

- За мали места како Кастелоризо, важно е да се знае дека туристите што доаѓаат се вакцинирани - изјавил Стратос Амигдалос, заменик-градоначалник на островот.

Извор: euronews.com
Фото: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот