Некои острови се познати по уникатната местоположба или по уникатната историја, но Лујтла Дујмун е познат по времето. Над островот, кој е најмал од Фарските Острови, често може да се забележи облак кој му дава уникатен изглед.
Фото: Wikipedia
Станува збор за вид облак кој се формира кога влажниот воздух кружи околу испакната географска форма, како врв на планина. Друг фактор што го прави уникатен е тоа што тој е единствениот од 18. главни Фарски Острови на кој не живеат луѓе.
Фото: Wikipedia
Но, на островот живеат овци. Фармерите го посетуваат островот еднаш годишно за да ги проверат своите стада. Еден од главните знаци на живот на островот се јажињата што ги оставаат фармерите кога се искачуваат на
островот.
За сите други посетители не се препорачува искачување на островот, а достапен е превоз со брод кога морето е мирно.
Автор: Мишел Дебџак
Извор:
mentalfloss.com