X
 25.07.2026 Живот

Мрачната историја на грчкиот остров што денес изгледа како рај на земјата

Малиот грчки остров Трикери, сместен во Пагасетскиот Залив, на крајот од полуостровот Пелион, е едно од помалку познатите рајски места. Сепак, постои причина зошто никогаш не доживеал туристички бум.

Трикери е идиличeн зелен остров на коj нема автомобили, ниту вистински патишта, најголемиот дел од инфраструктурата го сочинуваат пешачки патеки. Островот е мал, може да се помине пеш од едниот до другиот крај за помалку од еден час, но гарантирано нуди уживање во преубава природа, недопрени плажи и поглед кон полуостровот Пелион.

Една од причините зошто островот останал речиси недопрен е неговото минато.

 

Во 11 век Трикери бил целосно напуштен остров. Сите жители се преселиле на копното бидејќи се сметал за лесен плен на пирати, а неговите заливи биле идеални места за криење на ограбен плен. Дури во 18 век, кога еден монах решил да се насели таму, островот добил постојан жител. Според преданието, монахот пронашол изгубена икона на Пресвета Богородица и подигнал црква покрај руини од стара црква за да ја чува иконата.

Сепак, за време на Грчката граѓанска војна островот бил користен како затвор и логор за присилна работа на политички затвореници. Првите пристигнале во 1946 година, а во 1947 година мажите биле префрлени во други логори, додека логорот на Трикери станал затвор за жени, комунистички и левичарски политички затворенички заробени за време на војната.

Во септември 1949 година на островот Трикери биле префрлени и политички активисти од други логори, па бројот на затвореници пораснал на 4.700. Логорот бил затворен во 1953 година, кога биле ослободени и последните затвореници.

Денес на Трикери речиси и да нема траги од таа мрачна историја. Неговиот пејзаж остава впечаток на совршено место за мирен одмор, додека тиркизното море дополнително ја нагласува природната убавина на островот што некогаш бил нем сведок на толку човечки страдања.

Извор: Nova.rs
Фото: Wikipedia

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот