X
 09.10.2023 Политика

Што е Хамас и зошто е во конфликт со Израел?

Палестинската милитантска група Хамас изврши напад на Израел, а милитантите влегоа во населбите во близина на Појасот Газа убивајќи жители и земајќи заложници.

Што е Хамас?

Хамас а палестинска исламистичка милитантска група која владее со Појасот Газа. Групата сака да го уништи Израел и се борела во повеќе војни со државата од преземањето на Газа во 2007 година. Помеѓу тие војни, групата испукала илјадници ракети кон Израел и направила повеќе смртоносни напади. Израел, исто така, повеќепати ја нападнал групата со воздушни напади и заедно со Египет воведе блокада на Појасот Газа во 2007 година, велејќи дека тоа е за безбедноста на Газа.

Хамас се смета за терористичка група од страна на Израел, САД, Европската Унија и Обединетото Кралство, меѓу другото. Хамас е поддржана од Иран, која ја финансира и обезбедува оружје и тренинг за милитантите.

Појасот Газа

Појасот Газа е територија долга 41 километар и широка 10 километри помеѓу Израел, Египет и Средоземното Море. Дом е на околу 2,3 милиони луѓе и е едно од најгусто населените места во светот. Израел го контролира воздушниот простор над Газа и брегот и одлучува кои стоки ќе влезат и излезат преку границите од нејзината страна. Египет го контролира тоа на нејзината граница со Газа.

Околу 80 отсто од населението на Газа зависи од меѓународна помош, според податоци од Обединетите нации. Околу еден милион луѓе се хранат со донирана храна.

Зошто Израел и Хамас се во борба?

Постојано има тензија помеѓу Израел и Хамас, но нападот во саботата бил без предупредување. Хамас испука илјадници ракети кон Израел, а десетици милитанти ја поминале границата и влегле во израелски населби, убивајќи цивили и земајќи заложници. Израел веднаш вратил со воздушни напади, тврдејќи дека целат на места на кои се милитантите во Газа.

Нападот се случил еден ден по 50-годишнината од неочекуваниот напад од Египет и Сирија во 1973 година, кога започнала голема војна на Блискиот Исток.

Палестина

Западниот Брег и Газа, кои се сметаат за палестински територии, како и источен Ерусалим и Израел биле дел од територија која била позната како Палестина од римско време. Евреите ја сметаат оваа територија како татковина.

Израел е прогласен за држава во 1948 година, но оние што не го признаваат правото за постоење на оваа земја ја нарекуваат оваа територија Палестина. Палестинците го користат името Палестина како име на територијата која ги опфаќа Западниот Брег, Газа и источен Ерусалим.

Што би можело да се случи сега?

Командантот на Хамас, Мухамед Деиф, ги повикал Палестинците и другите Арапи да станат дел од милитантската операција да се отстрани „израелската окупација“. Големото прашање сега е дали Палестинците во регионот ќе го послушаат командантот.

Израел го гледа потенцијалот за војна која би можела да се води на повеќе фронтови. Во најлошо сценарио, во војната би се вклучила и либанската милитантска група Хезболах. Израел изјави дека планира голема операција во Газа и порача огромно зајакнување на трупите.

Извор: BBC
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Политика