X
 03.07.2020 Наука

Во близина на Хаваи се формира нов остров

Научниците открија дека во Тихиот Океан, на оддалеченост од околу 30 километри од Хаваи, се формира нов остров на длабочина од околу 900 метри од морската површина, објави американска геолошка агенција.

Подводниот вулкан Лоихи е активен вулкан повисок од планината Света Елена, велат од агенцијата. Над морската површина тој би бил висок три километри.


Фото: Pixabay

Вулканот Лоихи е најнов во тој регион, но почнал да се формира пред околу 400.000 години, а од истиот извор на магма се создале и Хавајските Острови.

Во 50-тите години биле регистрирани повеќе земјотреси во тој дел од океанот, што покажувало дека веројатно има активен вулкан под водата. Најновите земјотреси во мај им помогнале на научниците да го следат развивањето на дел од површината на океанот во остров.


Фото: Pixabay

Сепак, ќе помине долго време пред да може да го видиме островот. Научниците не очекуваат островот да излезе над морската површина во следните 10.000-100.000 години.

Автор: Меди Капрон
Извор: sacbee.com
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука