Најнапредните технологии често се создаваат за армиите, а дури потоа добиваат и комерцијална верзија. Владите низ светот трошат огромни суми на истражување и развој за напредување на армиите.
„Инчрестинг инџиниринг“ во видео претставува дел од иновациите за воени цели поврзани со роботиката. Овие воени роботи се прилично футуристички.
Меѓу другото, постои робот што може да ги следи мобилните телефони што се користат во близина и да скенира 1.200 регистарски таблички на автомобили во една минута.
Постои и робот кој наликува на куче кој може да се користи во битки. На него има осум камери и пиштол.
За воени цели бил создаден и робот кој е мал колку инсект, а може да се движи во тесни места.
Извор:
Interesting Engineering
Фото: Screenshot/Youtube