Веројатно скандалот со „Ashley Madison“ може да се нарече најлошиот компјутерски криминал за оваа година.
Се` започна со колективно хакирање, познато како „The impact team“, започнувајќи со хакирање на веб страните дизајнирани за луѓето кои барале вонбрачни афери. Како такви, тие украле лични податоци од корисниците на веб страната и се заканиле дека ќе ги објават, доколку компанијата наречена „Ashley Madison“ не биде изгасната.
Компанијата не се согласи, со што хакерите немаа друг избор освен да ја проследат својата закана. Во големата „депонија“ на податоци, хакерите објавија лични информации вклучувајќи и вистинските имиња, пораките и тајните сексуални фантазии на 39 милиони корисници на веб страната. Голем број на автентични корисници беа оставени да ги покријат нивните траги.
Со тоа, голем број луѓе ги изгубија работните места и браковите. Така на пример, Дејвид Брауни, кој бил надзорник во училишна област, ја изгубил работата, неговата сопруга и неговиот ум.
Дејвид се здобил со тешки изгореници додека се обидувал да ја запали неговата гаража откако му признал на сопругата и на училишниот одбор дека имал сметка на веб страната.
Анонимус vs. сите
Хакирањата на Анонимус се најсвежи за нас, токму поради тековната сајбер војна со Исламската држава.
Меѓутоа, ова беше долга година за хакерската група - се` започна во јануари откако терористите убија 12 новинари за време на нападите на Шарли Хебдо.
Анонимус објави видео и изјава преку Твитер, осудувајќи го нападот и објави дека започнува со таргетирање на терористичките организации.
Следни беа сите луѓе кои присуствуваат на анти-исламските собири во Австралија во април. Хакерите ветија дека ќе организираат контра протести за да се борат против „десничарската група која поттикнува верска омраза“.
Во јуни, Анонимус ги погодија канадските веб страни со напади за одбивање на услугите - правејќи го компјутерскиот систем недостапен со „поплавување“ на повеќе барања за информации отколку што компјутерот може да се справи.
Нападите беа во знак на протест против антитерористичкиот закон кој на канадските разузнавачки агенции им додели дополнителни овластувања.
До октомври групата објави дека ќе ги открие имињата над 1.000 членови на Кју Клукс Клан и други сродни групи.
„Вие сте терористи што го кријат сопствениот идентитет под чаршафите. Приватноста на ККК повеќе не постои во сајбер просторот“, изјавија Анонимус во соопштението. Еден месец подоцна, беше објавена листа на 57 телефонски броеви и меил 23 меил адреси кои наводно припаѓале на ККК членовите. Но, Анонимус негираше дека тоа била нивна објава.
Нападите во Париз предизвикаа свежа сајбер војна со Исламската држава; Анонимус објави дека отстранила над 12.000 профили на социјалните медиуми поврзани со терористичката организација. А сега и Доналд Трамп се најде во канџите на оваа хакерска група.
Хакирање на џип
Замислете возење по пат со 100 километри на час во сосема нов Jeep Cherokee. Сега, замислете како хакер ја презема контролата на вашиот автомобил, додека возите.
Токму вакво нешто и` се случи на компанијата Wired додека работела со двајца хакери. Експертите за безбедност инсталирале малициозен код во компјутерскиот систем. Прво што хакерите направиле било тоа што си поиграле со возачот и најпрво го хакнале радиото, па подоцна ја пуштиле климата на најсилно. Работите станале сериозни кога хакерите ја презеле контролата со преносот и кочниците на возилото.
После настанот, хакерите ги известиле официјалните лица од „Crhysler“.