„Google“ неодамна го претстави „AutoDraw“, алатка која ја препознава вашата намера нешто да нацртате и на тоа му дава реална форма.
Цртањето со глувчето од компјутерот или со прстите на паметен телефон или таблет понекогаш е прилично комплицирано, а резултатите често се лоши.
Фото: Pixabay
Но, алатката „AutoDraw“ ја комбинира вештачката интелигенција со каталози на цртежи на талентирани уметници ширум светот и ви помага полесно да се изразите во ликовна смисла.
Оваа алатка работи на сите платформи и е бесплатна, а настана како екстензија на еден од многуте експерименти на „Google“ за развој на вештачката интелигенција под името „QuickDraw“.
Ако сте вешти со цртање и без оваа алатка, тогаш можете вашите
цртежи да ги испратите до овој проект, па така ќе станат дел од библиотеката за нацртани поими кои ги користи „AutoDraw“.