Секогаш е забавно да научите нешто ново за различни култури и традиции - без оглед дали станува збор за егзотичен остров со само неколку жители или богата европска земја со над 5 милиони граѓани. Секој дел од светот има нешто ново за кое треба да знаеме, а Норвешка не е исклучок. На пример, дали сте знаеле дека ако не биле Норвежаните, не би имале суши од лосос? Или дека на пингвинот Нилс Олав му била доделена титулата главен полковник на гардата на норвешкиот крал? И не само што во Норвешка живеат најсреќните (и некои од најбогатите) луѓе, туку имаат и неверојатно фасцинатни работи поврзани со нивното секојдневие што вреди да ги знаете.
1. Кога некој објавува книга во Норвешка и поминува низ контрола на квалитет, Уметничкиот совет на Норвешка купува 1.000 примероци од таа книга за да ги дистрибуира до библиотеките, или 1.550 примероци доколку станува збор за книга за деца. Идејата е дека ова ги одржува во живот многу издавачи и ги поддржува писателите додека тие сè уште работат на градење на нивната кариера. Покрај тоа, книгите се ослободени од данок на додадена вредност.
Фото: Freepik
2. Норвешкиот нафтен фонд вреди некаде над 1 билион долари. Сепак, земјата троши само 3 отсто од фондот годишно бидејќи штеди за наредната генерација.
3. Свалбард е единствената безвизна зона во светот. Тоа значи дека секој може да живее и да работи таму неодреден период, без оглед на земјата на државјанство.
4. Во 2013 година поранешниот премиер на Норвешка, Јанс Столтенберг, се маскирал како таксист во Осло. Според него, тој го направил тоа за да го слушне мислењето на вистинските гласачи, а такси-возилата се едно од ретките места каде што луѓето ги споделуваат своите вистински ставови.
5. Во затворот „Холден“ чуварите се охрабруваат да комуницираат со затворениците играјќи спорт, јадејќи и правејќи други видови активности заедно. На тој начин се верува дека се спречува агресија од обете страни и се создава чувство на семејство. Иако затворот е со максимална безбедност, сите ќелии од 10 квадратни метри имаат телевизор, веце, туш и меки крпи.
6. Приходот и богатството на сите жители во Норвешка се водат во јавна евиденција. Идејата е дека на овој начин станува многу потешко да се постигне затајувањето данок - некој што забележува ниски примања, но вози скап автомобил, станува сомнителен за властите.
7. „Бавните ТВ-емисии“, односно долгото прикажување на навидум секојдневните и обични настани, се доста популарни во Норвешка. Националниот радиодифузер редовно прикажува програми или документарни филмови како 376-часовно патување со брод, 60-часовно пеење на хор и 12-часовно плетење. Првата ваква бавна ТВ-емисија беше програмата „Бергенсбанен“ - патување со воз низ Јужна Норвешка, што го прикажуваше 7-часовното патување со воз од Берген до Осло.
8. Поради закана од поларни мечки во Свалбард, остров на 2.030 километри северно од Осло, секој што патува надвор од населените места мора да биде опремен со соодветни средства за заплашување и бркање поларни мечки.
Фото: Quora
9. Норвежаните порано возеле автомобил наречен „трол“. Само 5 автомобили биле направени од „Трол“, а сега сите се наоѓаат во музеи за автомобили.
10. Во
Норвешка, Велигден понекогаш се нарекува и „Паскекрим“ (Велигденски криминал). За време на празникот речиси сите читаат крими-романи, гледаат вистински крими-емисии и читаат специјални литературни додатоци поврзани со криминалот во норвешките весници.
Традицијата почнала кога двајца млади норвешки автори, Нордал Гри и Нилс Лај, дошле до идеја да напишат крими-бестселер. Заедно со нивниот издавач, во неделата пред Велигден тие почнале рекламна кампања во која насловот на книгата „Бергенскиот воз ограбен во текот на ноќта“ го освои првото место на насловната страница. Реалистичната реклама, што многумина ја помешале со вистински грабеж, добила големо внимание, па романот забележал огромен успех.
- Многумина сметаат дека овој роман е првото велигденско злосторство и потекло на традицијата - вели Бјарне Бусет, менаџер за информации во норвешката издавачка куќа „Гилдендал“.
Извор:
Bored Panda
Фото: Needpix.com