X
 03.07.2022 Живот

Белгиско село во кое ниту автомобилите не смеат да прават врева

Иако е мала земја, Белгија има многу импресивни содржини. Некои од овие бисери се скриени и не се толку популарни меѓу туристите, но нивната важност е препознаена дури и од УНЕСКО, кој ги стави под своја закрила. На пример, малите и тивки села наречени Бегинаж.

Овие села се наоѓаат насекаде низ Белгија, а кога одите по нивните улици, ве преплавува мир. Посетителите се пречекуваат со предупредувања за почитување на тишината, па прошетката е придружена само од звукот на чекорите низ уличките и ветрето што дува низ тесните улички. Автомобилите се реткост и нивниот број е ограничен за да не се наруши речиси музејскиот амбиент.

1
Фото: Freepik

На прв поглед се чини како никој да не живее во селата - единствените траги на живот се внимателно уредените градини. Но, за нив се грижат жените што живеат тука. Тие се нарекуваат „бегини“, жени кои го посветиле својот живот на верата и на Бога. Тие не се формално заколнати и не се изолирани од светот.

Кога биле изградени во 12 и 13 век, куќите во кои живееле биле сиромашни и незабележителни живеалишта околу селската црква. Подоцна тие биле преуредени и биле додадени објекти како што се болници и пекарници, а околу селото (кое сè повеќе почна да личи на типичен средновековен град) биле подигнати ѕидови со градска порта што се затвора навечер.

grad
Фото: Freepik

Некои историчари веруваат дека причината за овие „женски градови“ е недостигот на мажи, бидејќи загинале во војни, но со текот на времето повеќето се согласиле дека овие типови населби повеќе одговараат на социјалните, економските и верските потреби на жените од средниот век, но и подоцна.

Бегините не се потпирале финансиски на црквата, туку живееле скромно, посветувајќи се на малите занаети, како што е производството на тантела. Нивната независност понекогаш предизвикувала скептицизам, а верските власти ги осудувале нивните постапки во 1312 година во Виена, по што биле изложени на повремени прогони и обиди за асимилација во црковните редови.

grad
Фото: Freepik

Сепак, тие успеале да опстојат низ цела Белгија, Холандија и Франција, а Белгија ги има најзачуваните „бегинажи“ денес. Дури 13 од нив биле запишани на списокот на светско наследство на УНЕСКО во Европа во 1998 година. Тоа се: Гент, Левен, Кортријк, Мехелен, Бриж, Дендермонд, Турнхаут, Синт-Амандсберг, Синт-Трујден, Лиер, Диест, Тонгерен и Хугстратен.

Извор: Punkufer.hr
Фото: Freepik
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот